Дома Фудбал Италија Алегри: Доколку одиграме вака против Милан тие нас ќе не „уништат“!

Алегри: Доколку одиграме вака против Милан тие нас ќе не „уништат“!

Екипата на Јувентус во вчерашниот натпревар во рамките од италијанската Серија А запиша победа над фенерџијата СПАЛ од 4:1.

За Јувентус ова беше втора победа во низа во која постигнуваат повеќе погодоци, претходно тие славеа против Удинезе на гостински терен со резултат 2:6, сепак тренерот на овој тим Масимилијано Алегри не беше премногу задоволен од прикажаното.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Против СПАЛ успеавме да победиме, постигнавме четири погодоци, но тоа е екипа од долниот дел на табелата. Доколку одиграме вака во дербито против Милан наредното коло, тие нас ќе не уништат“, изјави Алегри.

Дербито помеѓу Милан и Јувентус се игра во сабота со почеток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео Снимка го долови непријатниот момент на повреда на ѕвездата на Фулам

Данскиот дефанзивец на Фулам, Јоаким Андерсен, доживеа сериозна повреда на прстот за време…