Дома Фудбал Италија Спалети: Перишиќ е како коњ!

Спалети: Перишиќ е како коњ!

Иван Перишиќ е еден од клучните фудбалер на Интер оваа сезона, а „нероаѕурите“ конечно остваруваат одлични резултати на стартот на сезоната.

Тренерот Лучијано Спалети е импресиониран од Хрватот и на интересен начин ја опиша неговата физичка подготвеност и професионализам.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Иван е голем професионалец. Останува индивидуално да работат еден час и 15 минути по секој тренинг. Ментално е стабилен, а физички силен како коњ. Прави спринтови од по 60-70 метри, а кога ќе претрча во ваша близина и земјата се тресе“, изјави Спалети.

Перишиќ одигра 10 натпревари оваа сезона за Интер, постигна три гола и запиша пет асистенции, а на последниот меч против Сампдорија два пати ја погоди рамката од голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скапата кошула на Гвардиола стана хит, еве колку чини

Пеп Гвардиола претрпе пораз од Реал Мадрид. Тој загуби на двете средби од осминафиналето н…