Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (32) немаше многу успех во Саудиска Арабија, каде играше за Ал Хилал.
Одигра само пет натпревари пред да ги скине лигаментите. Но, тоа не влијаеше на финансискиот аспект, па си замина со 90 милиони евра.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
По тешката повреда, одлучи да се врати во татковината и да игра за Сантос, клуб од кој некогаш се пресели во Барселона.
На стадионот „Вила Белмиро“ беше официјално претставен пред десеттици илјади навивачи на Сантос, кои му приредија незаборавно добредојде. Нејмар пушти и солзи поради тоа.
Бразилецот, и покрај тоа што се чинеше дека е во слободен пад кога стануваше збор за кариерата, на тренинзите пристигнува со хеликоптер. Дали тоа ќе трае до крајот на сезоната, до кога му важи договорот, останува да видиме.
🚁¡Así llegó Neymar a su primer día de trabajo con Santos! ¡EN HELICÓPTERO!
— Radio MARCA (@RadioMARCA) February 3, 2025
📽️ @genioneymarjr1 pic.twitter.com/xjUAwGgfum