Дома Фудбал Германија Ноер не мисли за пензија, стави потпис на нов договор

Ноер не мисли за пензија, стави потпис на нов договор

Искусниот голман Мануел Ноер, го продолжи договорот со Баерн Минхен до летото 2026 година.

Ноер на крајот на месец март ќе го прослави 39 роденден, а со новиот договор кој е со важност до 30 јуни 2026 година ќе биде 15 сезони дел од баварскиот гигант.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Навистина уживам во играњето фудбал и сакам да останам играч на Баерн. Сè уште сум гладен и со нетрпение очекувам уште една година во овој посебен клуб. Секогаш сме имале добри разговори. Тоа е добро чувство. Чувството е добро и имаме уште многу цели што треба да ги постигнеме заедно“, порача Ноер 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Комична ВАР ситуација во Хрватска, а во центарот на вниманието беше Несторовски (Видео)

Изминатиот викенд во Хрватска, се случи една од најбизарните судиски одлуки откако ВАР тех…