Дома Фудбал Манчестер јунајтед доведе стопер, пристигнува и напаѓач, еден дефанзивец заминува

Манчестер јунајтед доведе стопер, пристигнува и напаѓач, еден дефанзивец заминува

Манчестер јунајтед има полни раце работа кога станува збор за преодниот рок.

“Ѓаволите” се решени да го зајакнат тимот, но и да изградат екипа која во иднина би можела да биде конкурент за титулата, а првиот потег што го направија денес е дека Тајрел Маласија договорил трансфер во Бенфика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој фудбалер ќе замине на позајмица, се согласил на тоа и до крајот на сезоната ќе биде во дресот на “орлите”.

Сè уште не е познато дали постои можност за откуп на крајот од сезоната.

Од друга страна, Манчестер јунајтед доведе ново засилување, во прашање е стопер од Арсенал, момчето по име Ајден Хејвен. Станува збор за стопер кој потпиша четиригодишен договор и веднаш ќе конкурира за првиот тим.

Тоа не е сè, Манчестер јунајтед тргна по напаѓач, во прашање е Матис Тел кој изрази желба да го напушти Баерн. Не му е лесно да дојде до минути во Баерн за што пишувавме неодамна, па затоа се јави Манчестер јунајтед и не е единствен.

Арсенал му е главен противник за неговиот потпис, додека Тел веќе го одбил Тотенхем.

Неговата цена е околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двe причини поради кои Серхио Рамос ќе потпише за Милан

Како што пренесуваат италијанските медиуми, пред сè Скај, Милан сака да го засили тимот и …