Дома Фудбал Ливерпул на врвот: Еве колку заработија европските клубови од првата фаза во Лигата на шампионите (Фото)

Ливерпул на врвот: Еве колку заработија европските клубови од првата фаза во Лигата на шампионите (Фото)

И оваа година УЕФА подготви богат награден фонд и за елиминацискиот дел од Лигата на шампионите.

Највозбудливата досега групна фаза во Лигата на шампионите остана зад нас, а познато е кој колку заработи.


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


Најмногу пари заработи Ливерпул. Поразот од ПСВ во последното коло ги спречи “црвените” да остварат максимален учинок и да ја пробијат магичната граница од 100.000.000 евра, а вкупно заработија 99.070.000. Интер е втор по заработка (90.000.000), трет е Арсенал кој инкасираше 89.499.000 евра, потоа следат Барселона (89.409.000), Бајер Леверкузен (87.106.000), Атлетико Мадрид (84.919.000), Бајерн (81.431.000), ПСЖ (80.917.000)…

Загрепскиот Динамо ја наполни касата со 39.7 милиони евра, додека Црвена Звезда заработи 32 милиони евра. Последен на листата е Слован кој инкасираше “само” 21.8 милиони евра.

Клубовите што го зазедоа првите осум места по групната фаза и така го избегнаа плејофот ќе заработат дополнителни 11.000.000 евра. Истите пари ги очекуваат и победниците од баражот во кој ќе се натпреваруваат 16 клуба.

И оваа година УЕФА подготви богат награден фонд и за елиминациските борби. Секој учесник во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе добие по 12.500.000 евра, полуфиналистите по уште 15.000.000, а финалистите дополнителни 18.500.000. Победникот и освојувачот на Лигата на шампионите ќе инкасира уште 10.500.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола и Манчестер сити ги чека вистински пекол во февруари

Фудбалерите на Манчестер Сити за малку избегнаа елиминација од Лигата на шампионите, но не…