Дома Трансфер зона Баерн за рекордна сума го продава Тел во Тотенхем

Баерн за рекордна сума го продава Тел во Тотенхем

Баерн Минхен и Тотенхем постигнаа договор за трансфер на младиот напаѓач Матис Тел, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извештаите, 19-годишниот Французин ќе им се приклучи на Спарс за сума од 60 милиони евра, бидејќи се работи за перманентен трансфер, а не за договор за позајмица.

Самиот играч се уште размислува дали да ја прифати понудата на Тотенхем, бидејќи има интерес и од други англиски тимови како Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед и Астон Вила, но барем засега Спарс се најблиску до неговиот потпис.

Ова би бил рекорден излезен трансфер во историјата на Баерн Минхен, при што добиената сума ги надминува средствата добиени за Матијс де Лигт (кој отиде во Манчестер Јунајтед), Лука Ернандез (во ПСЖ) и Роберт Левандовски (во Барселона). За секој од нив Баварците земаа по околу 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…