Фудбалерите на Ливерпул вчера се во посета на Ајндховен, каде играат против тимот на ПСВ во последното коло од првата фаза на Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот на Арне Слот е лидер во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите, каде што имаат максимален успех по седум одиграни натпревари. Затоа, немаат грижи. Ќе се пласираат понатаму, веројатно од првото место, освен ако не доживеат пораз на „Филипс“, а Барса ја совлада Аталанта на „Монжик“.
Слот се враќа во татковината, но патува таму без најважните играчи, па меѓу патниците не се најдоа: Алисон Бекер, Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате, Трент Александар-Арнолд, Алексис Мекалистер, Рајан Гравенберх, Доминик Собослај, Луис Дијаз и Мохамед Салах.
Тимот во Ајндховен ќе го сочинуваат момци со помала минутажа и академци. Тоа ќе биде слична екипа што играше за Ливерпул во третото коло од ФА купот против Акрингтон Стенли (4:0).
Од друга страна, ПСВ има 11 поени по победата во Белград и само во случај на чудесно стечение на околности нема да поминат понатаму.
Liverpool travelling party for PSV Eindhoven: Ендо, Нунез, Чиеза, Гакпо, Елиот, Цимикас, Робертсон, Коне-Дохерти, Мабая, Меконел, Јарос, Келехер, Нало, Морисон, Денс, Норис, Квансах, Мортон, Бредли, Дејвис, Њони.
— Дејвид Линч (@davidlynchlfc) 28 јануари 2025