Германскиот играч за врска на Баерн Минхен Џошуа Кимих би можел кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити, пишуваат медиумите на Островот.
29-годишниот фудбалер, чиј договор со германскиот гигант истекува во летото 2025 година, во овој преоден рок би можел да стане играч во тимот на Пеп Гвардиола. Двајцата веќе работеа заедно во Баерн, каде Гвардиола беше тренер од 2013 до 2016 година.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сити сака да ангажира играч кој ќе му даде повеќе опции на Гвардиола по повредата на Родри. Исто така, се дознава дека Кимих се уште нема донесено одлука за својата иднина и допрва ќе размислува дали ќе замине како слободен трансфер на лето или ќе потпише нов договор со Баварците во наредните месеци.
Претходно, гласините го поврзуваа Германецот со некои од врвните европски клубови како Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул.