Нејмар не е омилена личност помеѓу фудбалерите на ПСЖ.
Медиумите во Париз пишуваат за проблемите во овој тим иако барем на теренот тие до овој момент не се гледаат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во центарот на тие проблеми е Нејмар, се сеќаваме на конфликтот со Кавани, но тоа не е единствената причина.
Сега се работи за дека неколку фудбалери на ПСЖ истакнале незадоволство поради привилегиите кои ги има Бразилецот во однос на нив.
„Нема дефанзивни задачи во текот на натпревари, има два физиотерапевти само за себе, а на тренинзите не е дозволено со него да се влегува во со полна сила“, открива „Марка“.
Покрај тоа, Нејмар е единствениот фудбалер кој носи торбица со своето име, додека сите останати носат со грбот на ПСЖ.
Иначе, Бразилецот денес е во центарот на вниманието и утрово се споменуваше дека ПСЖ е само негова „станица“, како и дека неговиот татко веќе преговарал со идниот клуб на Бразилецот. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.