Главна фудбалска тема во Италија е расистичкото однесување на навивачите на Лацио, кои седиштата на „Олимпико“ го налепија со пораки меѓу кои беше и онаа на Ана Франк во дресот на Рома.
Клубот се огради, навивачката група е изненадена од таквиот чин, додека Серија А одлучи дека капитените на тимовите пред секој натпревар ова кола ќе разменуваат книги „Дневникот на Ана Франк“. Исто така натпреварите ќе започнат со минута молчење.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, целата таа приказна воопшто не го допре тренерот на Торино Синиша Михајловиќ, па на прашањето за таа тема даде изјава која ги шокираше Италијанците.
„Ана Франк? Не знам која е таа, не читам весници“.
Италијанската јавност остана во шок, па дури и откако му објаснија дека станува збор за книга која ги опишува страдањата на Евреите во втората светска војна, тој ладно одговори:
„Не сакам да зборувам за тоа, воопшто не ме интересира таа тема“.