Дома Останати Ракомет Костески: Со сите сили одиме на победа против Катар

Костески: Со сите сили одиме на победа против Катар

Македонската ракометна репрезентација одигра драматичен и неизвесен натпревар против Австрија, кој заврши нерешено 29-29, во рамките на првиот натпревар од главната фаза на Светското првенство (СП).

Ракометарот Никола Костески изјави дека тимот е задоволен со освоениот бод, особено по ваква изедначена игра. Тој истакна дека вниманието сега е целосно насочено кон следниот предизвик – натпреварот против репрезентацијата на Катар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ова беше драматичен меч, знаевме со каква селекција играме денеска, но му благодарам на Бог што одигравме нерешено. Среќни сме за освоениот бод. Одиме како на денешниот, така и на следниот меч против Катар. Да се подготвиме најдобро што можеме и да ја добиеме таа средба. Имаме уште многу да дадеме, ќе одмориме еден ден и со нови сили одиме на следниот натпревар до победа“, кажа Костески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид повторно домаќин на еден голем ракометен настан!

По неколкугодишна пауза, повторно ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Макед…