Дома Фудбал Анчелоти го прекина молкот по шпекулациите дека заминува од Реал Мадрид

Анчелоти го прекина молкот по шпекулациите дека заминува од Реал Мадрид

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти разговараше со новинарите пред натпреварот против Салцбург во Лигата на шампионите и даде коментар на гласините дека ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се појавија информации дека Анчелоти донел одлука, без оглед на резултатите, да го напушти Мадрид на крајот на актуелната сезона.

„Сакам да бидам многу јасен: никогаш нема да донесам одлука за датумот на моето заминување“, заклучи Анчелоти.

„Еден ден ќе дојде тој момент, но не знам кога. Не одлучувам јас, тоа може да биде утре, за неколку натпревари, година, пет години… Флорентино ќе остане тука уште четири години, а мојата цел е да бидам со него тие четири години“, рече Карло со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карвахал кариерата може да ја продолжи во Италија

Дани Карвахал, поранешниот капитен на Реал Мадрид, го напушти клубот и е во потрага по нов…