Дома Фудбал Лапорта ги загуби нервите: Ова е скандал, голем скандал! (Видео)

Лапорта ги загуби нервите: Ова е скандал, голем скандал! (Видео)

Барселона за викендот повторно направи кикс во Ла Лига бидејќи во гостување кај Хетафе освои само еден бод. Натпреварот во предградието на Мадрид предизвика многу реакции, а се огласи и Жоан Лапорта кој потполно ги изгуби нервите поради она што се случи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонците пред осум дена успеаа да го освојат шпанскиот Суперкуп откако во финалето го декласираа Реал Мадрид со 5:2, а само неколку дена подоцна во Купот на Кралот „пукнаа петарда” и на Бетис (5:1).

Се чинеше дека Барселона конечно ја пронајде вистинската форма која го красеше овој тим на почетокот од сезоната, но гостувањето во предградието на Мадрид покажа спротивно.

Барселона гостуваше кај тимот на Хетафе и освои само бод бидејќи натпреварот заврши со резултат 1:1, а Каталонците се во серија од четири натпревари без победа во првенството.

Но, по натпреварот во Мадрид не можеше да помине без скандал бидејќи во Барселона се гневни поради судењето и сметаат дека биле жестоко ограбени.

Деталот за кој најмногу се зборува се случи во второто полувреме при резултат 1:1 кога по еден корнер Кунде беше соборен во казнениот простор на Хетафе, и Каталонците беа сигурни дека ќе добијат пенал.

Но, на крајот биле шокирани кога главниот судија не сакал воопшто да го користи ВАР и да ја погледне таа ситуација која, рака на срце, беше навистина дискутабилна.

Изгледа дека во Барселона сѐ уште не се помириле со тоа, што најдобро го покажа изјавата на Жоан Лапорта дадена утрово. Претседателот на Барса покажа колку е лут поради судиските одлуки на натпреварот во Мадрид, и порача дека тоа што се случи е скандалозно.

“Судијата на натпреварот против Хетафе беше срамота. Не досуди чист пенал над Кунде. Ова е скандал, голем скандал”, изјавил Лапорта на новинарите додека влегувал во автомобилот.

Веќе сме навикнати дека судењето е една од главните теми во Шпанија, особено кога играат Барселона и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се можните противници на Вардар во квалификациите за ЛШ

Со завршувањето на сезоната во поголемиот дел од европските шампионати, познати се и сите …