Дома Тикет на денот Тикет на денот (петок, 17.01.2025)

Тикет на денот (петок, 17.01.2025)

Овој викенд ни се враќаат уште неколку лиги, а наскоро понудата ќе биде уште подобра. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Монпеље – Монако – 2&2+ @ 1.73 во Mozzart

Домаќинот е во се потешка ситуација кога е опстанокот во прашање и нема да биде изненадување ако се преселат во француската Лига 2. Се наоѓаат на последното место на табелата со само 9 бода од 17 изиграни натпревари. Во гости им доаѓа Монако, третопласираниот тим во лига, но и тие не се во некоја фантастична форма. На последните седум натпревари во сите натпреварувања, победија само во купот против Сан Жан и тоа е тим кој доаѓа од ниските француски лиги. Сепак овде сметаме дека имаат идеална шанса за три бода, па затоа одлучивме да типуваме 2&2+ со квота 1.73 во Mozzart.

Рома – Џенова – 1&2+ @ 1.88 во 22Bet


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Ефектот Раниери веќе започна да се забележува на Олимпико, но прашање е дали е за Рома доцна, па макар и за пласман во ЛШ. Римјаните се наоѓаат на 10-то место, имаат и натпревар повеќе од поголем дел од ривалите. Без пораз се од средината на декември и тоа јасно зборува дека се во одлична форма. Џенова пак врза три натпревари без победа со 7 освоени бода. Победија против Емполи и Парма, а зедоа бод од Лече. Ситуацијата на табелата е сосема задоволувачка и се наоѓаат на 11-та позиција. Сепак на овој дуел, домаќините се фаворити, а ние типуваме 1&2+ со квота 1.88 во 22Bet.

Еспањол – Ваљадолид – 1 @ 1.87 во Bet365

Исклучително важен натпревар за овие два тима се игра на почетокот на 20-то коло од шпанската Ла Лига. И Еспањол и Ваљадолид се наоѓа во зоната за елиминација, а само последнопласираниот тим на Валенсија е под нив. Каталонците имаат бод повеќе од Ваљадолид, но и тоа е мала утеха бидејќи и тие се во зоната за елиминација. Еспањол е без првенствена победа во пет последователни рунди, а во тој интервал имаат три реми и два порази. Ваљадолид пак зеде шест бода во последните три натпревари и тоа им даде надеж дека можат да останат конкурентни во борбата за опстанок. Ние овде предност даваме на домаќините и типуваме 1 со квота 1.87 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.08

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (вторник, 14.01.2025)

Денес имаме фантастична понуда. Во наредните три дена ќе се играат вонредни кола во многу …