Италијанскиот тенисер Јаник Синер го обезбеди пласманот во третото коло на Австралија Опен по победата над Австралиецот Тристан Скалкејт 4:6, 6:4, 6:1, 6:3.
Единственото што Австралиецот успеа да го направи на овој меч е да му одземе сет на Јаник, што не е мала работа, бидејќи Италијанецот загуби сет после 106 дена.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Синер, сепак, потоа го воспостави својот ритам на игра, па од крајот на вториот сет доминираше во сите аспекти и на крај рутински го обезбеди пласманот во третото коло.
Во третото коло, Синер за противник ќе го има Американецот Маркос Гирон.