Дома Фудбал Официјално: Кварацхелија потпиша за ПСЖ

Официјално: Кварацхелија потпиша за ПСЖ

Грузискиот фудбалер Квича Кварацхелија е нов играч на францускиот шампион ПСЖ.

Тоа што се шпекулираше со денови, денес доби потврда. Одличниот Грузиец Квича Кварацхелија го напушти Наполи и ја продолжува својата кариера во ПСЖ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Францускиот шампион одамна постигна договор со 23-годишниот офанзивец, денес беше договорено сè и со Наполи и Кварацхелија го облекува дресот на „Светците“.

Трансферот е вреден 70 милиони евра, а грузискиот фудбалер потпиша петгодишен договор со ПСЖ.

Квича Кварацхелија стана член на Наполи летото 2022 година. Дојде од тимот Динамо Батуми за 13 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена

Времето „лета“ и тоа ни го докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата леге…