Дома Фудбал Готово: ПСЖ добива засилување од 70 милиони евра – познати и деталите!

Готово: ПСЖ добива засилување од 70 милиони евра – познати и деталите!

Еден од најдобрите фудбалери на Наполи, Квича Кварацхелија, заслужен за титулата во претходната сезона, но и за првото место во Серија А за време на тековната, ги договори личните услови со Пари Сен Жермен и наскоро се очекува да потпише договор со “светците”. Ова ќе биде еден од петте најголеми ангажмани во јануарскиот преоден рок во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува добро информираниот Фабрицио Романо, кој посебно е блиско поврзан со италијанскиот фудбал, објави дека целокупниот ангажман со ПСЖ ќе чини 70.000.000 евра плус бонуси, што овој трансфер го става во рангот на најголемите некогаш во зимскиот трансфер период.

Се наведува дека Кварацхелија ќе стави потпис на петгодишен договор, а последниот збор треба да го имаат сопствениците на двата клуба. Тоа е единствената работа што се чека сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…