Дома Фудбал Челси и Баерн Минхен подготвуваат спектакуларна размена

Челси и Баерн Минхен подготвуваат спектакуларна размена

Раководствата на Челси и Баерн започнаа преговори поврзани со спектакуларен договор кој го подготвуваат за своите навивачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Баерн треба да замине Кристофер Нкунку, додека во Лондон во одлична замена треба да пристигне Матис Тел.

Челси е заинтересиран за младиот 19-годишен фудбалер на Баерн, кој оваа сезона започна само на два натпревара во Бундеслигата за Баерн.

Французинот имаше проблеми со физичката подготвеност, но ни Винсент Компани нема многу доверба во него, па 12 пати беше на клупата, а пет пати влезе во игра.

Експертот за трансфери, Фабрицио Романо, тврди дека Тел разговарал со Компани и се надева дека ќе добие шанса, но сега во целата работа се вклучи Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро има изненадувачки фаворит за „Златната топка“: Ако можев јас, зошто да не може тој?

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро го откри својот фаворит кога станува збор…