Набосанскиот напаѓач (38) на крајот од оваа сезона му истекува договорот со Фенербахче, поради што му е дозволено да преговара со други клубови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Хајдук Сплит повторно се обидува да го ангажира еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Един Џеко, пишува турскиот Фанатик. Според турските медиуми, Хајдук му нуди едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.
Иако многумина се изненадија од оваа вест, идејата за доаѓање на Џеко во Сплит не е нова. Во текот на летниот преоден рок 2023 година, доаѓањето на Џеко и Иван Ракитиќ (36) беше главна тема во хрватскиот и регионалниот фудбал.
На крајот, Ракитиќ потпиша за Хајдук, каде што стана клучен играч во првиот дел од сезоната. Сплитскиот тим заврши на второто место во сезоната, што ги засили надежите на навивачите дека Џеко може да тргне по неговите стапки. .