Дома Фудбал Навивачите на Реал Мадрид останаа неми по новиот инцидент со Винисиус (Видео)

Навивачите на Реал Мадрид останаа неми по новиот инцидент со Винисиус (Видео)

Фудбалерот на Мајорка, Пабло Мафео јавно изјави дека не го поднесува Винисиус Жуниор и дека би го нокаутирал. Дуелот со Реал во Саудиска Арабија започна веднаш со конфликт меѓу двајцата фудбалери, а десниот бек на Мајорка се обиде да изнуди црвен картон за Бразилецот.

Пабло Мафео веќе на почетокот на полуфиналето на Супер купот на Шпанија се обиде да изнуди црвен картон за Винисиус Жуниор.

Мафео, по еден дуел, падна како покосен и тврдеше дека Вини го удрил со рака, но судијата само ги предупреди двајцата да не прават глупости и натпреварот продолжи.

Се разбира, не се запреа на конфликтот. Имаше доста дискусии по овој дуел и вербални инциденти на теренот и многумина тврдат дека „Мафео нема ниту трошка образ“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…