Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, истакна дека е целосно свесен за каква средина дојде од лисабонскиот Спортинг и дека знае дека неговото останување на клупата на Црвените ѓаволи не е сигурно ако продолжи со лоши резултати.
Јунајтед го купи Аморим за дури 11 милиони евра, а „Црвените ѓаволи“ изгубија во пет од последните седум натпревари и се наоѓаат на 14. позиција на табелата на Премиер лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
“Да се биде тренер на Манчестер јунајтед, без оглед на околностите, не може да биде секогаш удобно. Знам дека на секој шеф на стручниот штаб позицијата би била загрозена доколку не победуваме, без оглед на парите кои ги потрошија за мене, и тоа ми се допаѓа”, рече 39-годишниот Португалец.
“Јасно е дека тука работам само еден месец и дека одржав само четири тренинга, но не победуваме. Тоа е реалноста со која сум помирен”, порача Аморим пред кого е следниот натпревар со Њукасл..