Италијанецот Јаник Синер, очекувано, најмногу заработи од учествата на турнирите во 2024 година, многу повеќе од второпласираниот и третопласираниот на оваа листа.
Рекетот број еден во светот зад себе има најуспешна година во кариерата, а успесите кои ги редеше на најголемите турнири добро ги наплати – заработи само од победи и титули дури 18.930.222 евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот тенисер не го надмина рекордниот износ кој некој тенисер го заработил за само една година, станува збор за финансиските приходи на Ѓоковиќ од 2015 година, кој изнесува 20.756.488 евра.
На второто место на листата на играчи кои најмногу заработија од турнирите во отминатата година е Александер Зверев со 11.032.202 евра, додека на третото место е Шпанецот и четирикратен Гренд Слем шампион Карлос Алкарас со заработка од 9.935.666 евра.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е на осмо место на оваа листа со заработка од 4.241.441 евра.