Поранешниот стопер на тимот од „Енфилд“, Џејми Карагер зборуваше за статусот на Трент Александер-Арнолд и ситуацијата околу неговиот договор.
Легендарниот Англичанец го предупреди десниот бек дека со заминувањето во Реал Мадрид може да го наруши култниот статус кој го ужива меѓу поддржувачите на лидерот на Премиер лигата. Неговиот договор истекува летото 2025 година и од први јануари следната година ќе може да преговара со заинтересирани екипи за заминување без надоместок.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Раководството на Ливерпул сè уште е во интензивни преговори околу продолжување на соработката со репрезентативецот на „Гордиот Албион“, меѓутоа договор засега нема.
Александер-Арнолд одлучи да не зборува јавно за својата иднина од почит кон клубот чиј член е од рано детство, но Карагер истакнува дека сегашната ситуација е слична на онаа со Мајкл Овен и Стив Мекманаман. Поменатиот двоец одби да го продолжи договорот со „црвените“ и потпиша токму за Мадриѓаните. Овен за 12 милиони евра, а Мекманаман бесплатно.
„Најголемиот проблем за Трент е заминувањето без надоместок. Како со Стив, навивачите ќе имаат чувство дека клубот за џабе ќе загуби играч кој вреди барем 80 милиони, а тоа воопшто нема да им се допадне. Јас би му советувал да потпише нов договор во кој би вметнал значителна откупна клаузула, за во случај на негово заминување и Ливерпул да профитира“, рече Карагер.