Дома Фудбал Хрват за 40 милиони евра се сели во Манчестер: Аморим добива нов „командант“ во екипата

Хрват за 40 милиони евра се сели во Манчестер: Аморим добива нов „командант“ во екипата

Хрватскиот репрезентативец Лука Сучиќ во текстот на познат шпански медиум се опишува како ѕвезда на Реал Сосиедад. „Неговата способност да доминира на средината на теренот и неговиот придонес во нападот и одбраната, го направија клучен играч во тактиката на Иманол Алгуасил. Неговата младост и потенцијал за напредок се причините зошто е уште попривлечен за елитните европски клубови”, пишува во текстот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Фичајес“, во Јунајтед гледаат во Сучиќ долгорочно решение за тимот кој е во фаза на реконструкција.

„Не е чудно интересот на Манчестер Јунајтед, со оглед на влијанието кое веднаш го имаше во Реал Сосиедад”, пишува во текстот.

Притоа се истакнува дека клубот бара околу 40 милиони евра за неговите услуги. Сучиќ оваа сезона одигра 17 натпревари за Реал Сосиедад, а постигна еден гол и забележа една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Воодушеви на СП 2026, а Реал Мадрид веќе му „фрли око“

Како и обично, големото фудбалско натпреварување изнедрува играч кој бил во сенка за кого …