Кориере дело Спорт тврди дека Јувентус размислува да го продаде Кенан Јилдиз за да го купи Сандро Тонали од Њукасл во јануари.
Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали е голема желба на Јувентус за јануарскиот преоден рок, според Кориере дело Спорт, Бианконерите се подготвени да слушнат понуди за Јилдиз за да го купат играчот од средината на Њукасл следниот месец.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Извештаите тврдат дека Јилдиз би бил достапен за околу 40 милиони евра, додека цената за Тонали изнесува 55 милиони евра.
Поранешниот играч на Милан неодамна се врати на теренот по десетмесечна суспензија за нелегално обложување и обезбеди две асистенции во 16 настапи низ сите натпреварувања со Магпајс.
Други извори сугерираат дека Тонали сака да го напушти Њукасл и да се врати во Серија А, но неговиот агент Бепе Рисо ги негираше извештаите, додавајќи дека неговиот клиент не размислува да замине од „најдобрата лига на светот“.
Јилдиз постигна четири гола и обезбеди пет асистенции во 23 натпревари за Јувентус оваа сезона, па голем дел од навивачите не веруваат дека ова би бил најдобар потег на раководството на „старата дама“.