Фудбалскиот клуб ПСЖ дефинитивно е клубот кој најмногу вложуваше во создавање на моќен тим кој има една цел, освојување на Лигата на шампионите, но поради промените овој клуб го напуштија навистина фантастични фудбалери.
Во последните две години клубот од Париз продаде голем број на одлични фудбалери кои едноставно го загубија местото бидејќи пристигнаа мега-ѕвезди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јулијан Дракслер и Гуедеш пристигнаа во зимскиот преоден рок, додека во текот на летото ПСЖ се засили со Нејмар и Килијан Мбапе, а во тимот веќе ги имаше Ди Марија, Пасторе, Лукаш Моура, Хесе Родригез…
Поради новите засилување Хесе замина, Гуедеш беше испратен на позајмица во Валенсија каде што експлодираше, додека Ди Марија и Дракслер паднаа во втор план, бидејќи во нападот очекувано предност добива триото, Нејмар, Кавани и Мбапе.
Покрај нив местото го загубија Давид Луиз, Оре, Лукас Диње, Матуиди, Ван Дер Вил, Езекиел Лавеци, Краховијак, иако за сите нив „светците“ платија сериозни суми во изминатите години.
Тимот се менува од сезона во сезона, но Лигата на шампионите и понатаму е само сон, а откако минатата година ја изгубија и титулата во првенството од Монако јасно е дека ПСЖ со овој тим мора да ги нападне апсолутно сите трофеи.
Во продолжение погледнете како изгледа тимот составен од 11 „отпишани“ во ПСЖ’ во последните две години, па самите проценете дали тоа е поради нивната моќ или пак недостаток на јасен план…
Одговорот на ова прашање веројатно ќе го добиеме на пролет, во случај да ја освојат Лигата на шампионите, никој не ќе може да каже дека нивниот проект бил безуспешен.