Дома Фудбал Mилевски за групата на Македонија: Можеме до добар пласман!

Mилевски за групата на Македонија: Можеме до добар пласман!

На извлекување во Цирих, македонската А репрезентација ги дозна противниците во група за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. 

Нашата најдобра селекција е во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Селекторот на македонската рперезентација, Благоја Милевски смета дека групата носи надеж за неговиот тим и доколку ја задржиме енергијата и позитивниот дух од последните натпревари од Лига на нации, може да се надеваме на добри резултати. 

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација: 

“Извлекувањето во Цирих ни носи надеж.

Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. 

Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.

Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин. 

Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата. 

За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување”. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата воведува нов вид на ВАР систем, еве за што станува збор

Премиер лигата одлучи трајно да воведе полуавтоматска ВАР технологија за одредување на нед…