Дома Бокс Тајсон ги изненади навивачите: Не се сеќавам на борбата против Пол

Тајсон ги изненади навивачите: Не се сеќавам на борбата против Пол

Мајк Тајсон минатиот месец се бореше во својот прв професионален меч по речиси 20 години. Колку и да фасцинираше со одличната форма и физичката трансформација што ја покажа на снимките од тренинзите, толку разочара со непрепознатливо очајна изведба во рингот. Џејк Пол (27), јутјубер и инфлуенсер, го победи Тајсон со одлука на судиите по осум рунди.

Еден од најголемите боксери на сите времиња сега откри: „Не се сеќавам баш на борбата. Малку се онесвестив. Се сеќавам на почетокот на втората рунда, Џејк нешто правеше… (Пол тогаш се поклони на Тајсон), не разбрав точно што. Тоа е последниот настан од борбата што го паметам.”

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тајсон додаде кои се неговите единствени спомени од борбата: „Не се сеќавам колку беа силни ударите на Џејк. Но целото тело ме болеше по борбата. Градите ми беа многу воспалени, чувствував и болка во стомакот. Ѝ реков на жена ми кога се разбудив утрото по борбата: „Зошто се борев?’ Не знам што се случуваше.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Скандал во Србија: Уапсен чичкото на Никола Јокиќ!

Во голема полициска акција во Србија, по налог на Јавното обвинителство за организиран кри…