Дома Тикет на денот Тикет на денот (петок, 13.12.2024)

Тикет на денот (петок, 13.12.2024)

Денес е петок 13-ти и нема причина да не се побара добитен тикет. Ние се одлучивме за следниве натпревари. Ова е нашиот предлог тикет.

Тулуз – Ст. Етиен – 1&2+ @ 1.75 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Воведниот натпревар од 15-то коло на француската Лига 1 се игра во Тулуз каде што доаѓа Ст. Етиен после цели 6 години. Славниот Ст. Етиен помина доста време во втората лига и сега се врати во елитата. Зелените не се снајдоа баш најдобро и после 14 кола се во зоната за елиминација, поточно на 16-то место со 13 бода. Тулуз пак е во добра форма и во претходните 6 кола запишаа четири победи и два порази. Овде ние типуваме победа на домаќините, а коефициентот за 1&2+ во Mozzart изнесува 1.75.

Динамо Букурешт – Поли Јаши – 1 @ 1.90 во 22Bet

Фановите на Динамо Букурешт сигурно уживаат во погледот на табелата. Не се на врвот на табелата, но заостануваат само бод зад лидерската двојка Универзитатеа и Стеауа. Подолг период Динамо не изгледале толку добро, а пред неколку сезони играа и во втората лига. Поли Јаши пак има само една амбиција и тоа е да обезбедат опстанок во елитниот ранг. Моментално се на 11-то место во групата со 22 освоени бода, но на последните четири кола се без победа. Ние овде типуваме 1 со квота 1.90 во 22Bet.

Карлсруе – Регенсбург – 1&2+ @ 1.63 во Bet365

На врвот на табелата во германската Цвајт лига е голема гужва, а половина лига е сместена со само четири бода разлика и баш толку Карслруе заостанува зад лидерот Падерборн. Со 23 освоени бода оваа екипа е на 9-та позиција, а многу работи можат да се променат со две врзани победи. Регенсбург е на последната позиција на табелата и како што изминува времето тие го губат чекорот за опстанок. Овде не очекуваме да земат бодови, бидејќи домаќините се огромни фаворити. Наш предлог е 1&2+ со квота 1.63 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.42

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (вторник, 23.06.2026)

Покрај натпреварите од Мундијалот денес ќе се игра во Финска и во Грузија. Понудата за ово…