Дома Фудбал Англија Капело: Гвардиола е премногу арогантен

Капело: Гвардиола е премногу арогантен

Манчестер Сити има само една победа во последните десет натпревари, запишаа седум порази и ја имаат најголемата криза во ерата на Гвардиола.

Сити синоќа беше поразен од Јувентус, а по натпрварот легендарниот Капело испрати критики кон Гвардиола.

„Гвардиола е одличен тренер, но многу арогантен и претенциозен. Понекогаш дури губел трофеи бидејќи сакал да покаже дека тој ги освојува, а не играчите, и поради тоа исклучувал клучни играчи во големите натпревари. Според мене, овде станува збор за одземање на заслугите на тимот и пренасочување на вниманието кон себе“, изјави Капело за „Скај Спорт Италија“.

Капело, исто така, упати критики и кон голманот на Сити, Едерсон, кого го оцени како „катастрофа“.

Едерсон има талент, но е толку арогантен што прави грешки само поради претерана самодоверба и желба да се истакне“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…