Најреномираните британски медиуми потврдија дека Манчестер Јунајтед е во завршни преговори за првото засилување во ерата на Рубен Аморим, а станува збор за младиот парагвајски фудбалер Диего Леон (17).
Иако се најавуваа големи имиња, што секако и ќе биде случај, првото засилување на Рубен Аморим ќе биде тинејџерска сензација од Јужна Америка. Станува збор за Парагваецот Диего Леон, млад лев бек кој игра за Серо Портено во својата земја.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сите најреномирани медиуми во Велика Британија потврдија напредната фаза на преговори, а „ЕСПН“ објави дека менаџерот на младиот фудбалер пристигнал во Англија за завршни преговори за да се финализира трансферот.
Се очекува наскоро финализација на договорот, по што овој фудбалер би требало да стане првото засилување на клубот во ерата на Рубен Аморим.
Позната е и сумата што Манчестер Јунајтед ќе ја плати на Серо Портено, а станува збор за износ од шест милиони евра.
🚨🔴 Манчестер Јунајтед се во активни преговори со Серо Портено за 17-годишниот лев бек Диего Леон како талент за иднината.
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) 11 декември 2024
Слично како и договорот со Секу Конé од минатото лето, Ман Јунајтед продолжува да гледа кон таленти од странство и се разговара и за $4 милиони со агентите на Леон. pic.twitter.com/uun9k4Hq9i
Иако не се докажал во европскиот фудбал, Леон е најголемиот талент на парагвајскиот фудбал во моментов и неговите одлични игри во домашниот шампионат го привлекле вниманието на Манчестер Сити и Арсенал. Сепак, Црвените Ѓаволи беа најконкретни и успеале да го завршат договорот пред своите лигашки ривали.
Интересно, овој 17-годишен играч само летоска дебитираше во сениорскиот фудбал за Серо Портено, а тоа беше незаборавен натпревар против Амелијана во кој го постигна единствениот гол за победа на својот тим.
Во сениорската кариера одигра само 19 натпревари, но на нив покажа завиден талент и сега ќе добие голема шанса на европската сцена. И самиот го потврди интересот на Црвените Ѓаволи.
“Знам за интересот на Манчестер Јунајтед, но ништо повеќе од тоа бидејќи сè препуштив на менаџерот. Поминав четири години подготвувајќи се за таква можност и морам да ја искористам кога ќе се случи”, изјави младиот фудбалер синоќа за парагвајските медиуми.