Репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски имаше одличен настап во победата на Пелистер над Висла Плоцк во рамките од 10. коло во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За одличните настапи Митревски доби и признани, избран е во тимот на неделата во елитното натпреварување.
Освен тоа една од неговите одбрани се најде и помеѓу најдобрите пет.
Одбраната на Митревски на листата се наоѓа на третата позиција. Може да се погледне – ТУКА.