Дома Трансфер зона Јувентус ќе го откупи Консеисао

Јувентус ќе го откупи Консеисао

Раководството на Јувентус донесе одлука да го откупи договорот на Франциско Консеисао, пишува „Газета дело спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крилниот напаѓач ова лето пристигна од Порто како позајмен фудбалер, но веднаш се наметна во тимот на Тиаго Мота.

Во Јувентус се задоволни од игрите на Консеисао и донеле одлука да го откупат, па постигнале и договор со Порто за трансфер вреден 30 милиони евра.

Консеисао, кој на 14 декември ќе наполни 22 години, има два гола и пет асистенции во досегашните 13 настапи за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…