Дома Фудбал На Рома не и оди: Раниери очекува три засилувања во јануари!

На Рома не и оди: Раниери очекува три засилувања во јануари!

Рома ќе се стреми кон нови засилувања, Раниери има своја визија и смета дека на тимот му е потребно засилување на одредени позиции.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа се позициите во одбраната, лев и десен бек, како и напаѓач.

Рома ќе бара во зимскиот трансфер период барем еден од овие тројца играчи.

Левиот бек е Анхелињо, човек кој одиграл голем број натпревари и му е потребна замена, додека Самјуел Дал е играч што досега има собрано само 41 минута и не е квалитетно решение.

Со десниот бек е слична ситуација, Зеки Челик е играч кој има одиграно скоро 1500 минути, а се работи за играч кој минатата сезона не беше ни стартер. Сауд Абдулахамид досега не покажал дека има квалитет за Рома.

Што се однесува до напаѓачите, Елдор Шомудоров е единствена замена за Довбик, а на Раниери му е потребен барем уште еден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …