Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калчомеркато“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После повредата на Бремер примарна цел на „старата дама“ ќе биде доведување на дефанзивец, а прва желба на Мота е токму Кивиор.
Кивиор својата афирмација ја стекна во Серија А во дресот на Специја, од каде за 25 милиони евра се пресели во Арсенал.
Меѓутоа, на „Емирати“ не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината, а Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.
Јувентус веќе стапил во контакт со агентот на дефанзивецот и спрема понуда во зимскиот преоден рок.