Можеби не е баш како “Ла Масија”, но и Реал Мадрид знае да принајде одлично решение во своите младински категории, а новиот „бисер“ од школата на мадритскиот гигант е Раул Асенсио кој веќе има стандардно место кај Анчелти.
Како што стојат работите, Реал Мадрид сепак нема да купува стопер оваа зима, освен ако се појави навистина добра можност. Меѓутоа, Карло Анчелоти е спокоен, бидејќи Раул Асенсио на досегашните натпревари покажа дека заслужува стартно место.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фабрицио Романо истакнува дека освен тоа, Шпанецот го очекува и нов договор и поважна улога во годините што доаѓаат.
Асенсио има 21 година, произлезе од академијата на Реал Мадрид, а интересно е што не дебитирал за ниту една репрезентативна селекција на Шпанија.
Тој практично експлодираше дури оваа сезона, поради серија повреди во Реал Кастиља, односно Б тимот.
Анчелоти е задоволен од неговиот учинок и најважно е што Орлиен Чуамени ќе може да игра на својата позиција како последен фудбалер за врска.