Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го реши ПСЖ.
Баерн го доби дербито со ПСЖ. Стрелец на голот беше Ким Мин-Јае во 38. минута, осигурувајќи им три бода на домаќините. Во второто полувреме, ситуацијата се влоши за гостите од Париз, откако Осман Дембеле доби директен црвен картон, па Баварците доминираа до крајот на мечот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити со два гола на Халанд и еден на Гундоган водеше со 3-0, но не успеа да победи. Феенорд режираше вистинска драма и во завршницата дојде до реми.Холандскиот тим успеа да постигне три гола за само 15 минути преку Муса, Хименез и Ханцко.
Аталанта со 6-1 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс, Леверкузен пукна „петарда“ против Салцбург, а Интер со минимални 1:0 го совлада Лајпциг.