Искусниот словачки дефанзивец Милан Шкрињар постигнал вербален договор со Јувентус околу трансферот во Торино, а сега челниците на најтрофејниот италијански клуб се пред тешката задача да се договорат со Пари Сен Жермен, пренесува „Фут Меркато“.
Поранешниот фудбалер на Интер пристигна на „Паркот на принцовите“ во летото 2023 година, но во голема мера беше на втор план за тренерот Луис Енрике.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата за еден од најдобрите словачки фудбалери на сите времиња е подобрена во последно време, а за викендот против Тулуз одигра одличен натпревар.
Ваквата ситуација заедно со неговиот договор со повеќекратниот шампион на Франција кој истекува дури во летото 2028 година, ќе му отежнат на Јувентус да се договори со Пари Сен Жермен.
Јувентус сака да доведе засилување во последната линија поради тешката повреда на Бразилецот Бремер за кого сезоната заврши.