Дома Фудбал Изненадување: Хрватот Нико Ковач може да седне на клупата на второлигаш

Изненадување: Хрватот Нико Ковач може да седне на клупата на второлигаш

Како што стојат работите, Хрватот Нико Ковач е пред изненадувачки ангажман и би можел да седне на клупата на германски второлигаш.

Според извори блиски до Ковач, хрватскиот стратег е во преговори со Хамбург, но се наведува и дека додека преговара тој чека и поатрактивна понуда која повеќе би ги задоволила неговите амбиции.

Ковач во редовите на Волфсбург доби отказ по речиси две години на клупата. Клубот го предводеше на 66 натпревари во кои оствари учинок од 23 победи, 17 нерешени натпревари и 26 порази.

Во кариерата Ковач беше тренер уште на: Ајнтрахт, Франкфурт, Баерн и Монако. Исто така ја предводеше и репрезентацијата на Хрватска до 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…