Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое ќе плати само два милиони евра.
Станува збор за 17-годишниот фудбалер од редовите на Тенерифе, Арон Мартин. Овој фудбалер во Шпанија го споредуваат со Педри од редовите на Барселона и сега би можел од Секунда да направи трансфер во Ла Лига.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Со 17 години за Тенерифе во втората шпанска лига одигра осум натпревари во кои постигна еден гол и запиша една асистенција. Во просек на теренот поминуваше по 56 минути.
Сепак, се најавува дека ако Реал Мадрид го доведе прво ќе го испрати во вториот тим каде што би собирал искуство пред да добие шанса во првиот.