Дома Трансфер зона Арсенал по „рецептот“ на Одегард купува уште еден фудбалер од Реал Мадрид?

Арсенал по „рецептот“ на Одегард купува уште еден фудбалер од Реал Мадрид?

Eкипата на Арсенал ќе се обиде да реализира уште еден трансфер од Реал Мадрид кој потсетува на случајот со Норвежанецот Мартин Одегард.

Како што е познато, Норвежанецот прво пристигна на позајмица, а подоцна Арсенал го откупи од Реал Мадрид, а по истиот принцип во Лондон би можел да замине и Арда Ѓулер.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Овој 19-годишен Турчин пристигна во Реал Мадрид како еден од најголемите таленти во Европа, но оваа сезона само два пати беше стартер и тоа е премалку во споредба со очекувањата.

Арсенал му нуди прво да дојде на позајмица во јануари, а потоа да преговара за купување на лето. Артета од друга страна со него во тимот сака да го надополни недостатокот на креативност во средниот ред.

Засега не е познато каков е ставот на Ѓулер и дали сака промена на средината, меѓутоа не се исклучува можноста Арсенал да изгледа како добра дестинација за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…