Дома Фудбал Останато Славниот Диего Форлан неславно дебитираше во тенисот – беше поразен за 49 минути!

Славниот Диего Форлан неславно дебитираше во тенисот – беше поразен за 49 минути!

Легендарниот уругвајски фудбалер, Диего Форлан на 46 години дебитираше во професионалниот тенис и настапи на Челенџер во Монтевидео.

Најдобриот стрелец и најдобриот фудбалер на Светското првенство во 2010 година играше во пар со Федерико Корио против Борис Ариас и Федерико Зебаљос, , но дебито му беше за заборав.

,Мечот траеше само 49 минути, а Ариас и Зебаљос славеа со 6:1 и 6:2.

Форлан на теренот покажа неколку одлични потези и тоа се должи на неговото играње тенис во младинските категории пред да се определи за фудбалот на 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед не планира да го продаде Сешко и покрај интересот од Барселона и Јувентус

Манчестер Јунајтед има јасна намера да го задржи Бенџамин Сешко, и покрај интересот од Бар…