Познатиот уругвајски напаѓач Диего Форлан е главниот виновник што денес секое соблекување на дрес се казнува со жолт картон.
Имено, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед практично ја „примора“ ФИФА да ги промени правилата и да казни со жолт картон играч кој ќе го соблече дресот при прослава на гол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во 2002 година „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ му гостуваа на тимот на Саутемптон и славеа вредна победа со резултат 2:1.
Херој во тој натпревар беше токму Форлан, кој во 85. минута од натпреварот погоди по асистенција на Хуан Карлос Верон и му донесе три бода на клубот од „Олд Трафорд“.
За Форлан, кој влезе во игра само шест минути порано, овој гол му значеше многу и затоа при прославата на голот во еуфорија го соблече дресот. Но, потоа настана проблем бидејќи не го облече веднаш и скоро цела минута играше без дрес.
По таквиот негов потег ФИФА одлучи секое соблекување на дрес да се санкционира.