Дома Фудбал Легендата на Унгарија е во добра состојба после драмата на стадионот во Амстердам

Легендата на Унгарија е во добра состојба после драмата на стадионот во Амстердам

Холандија ја совлада Унгарија со 4-0 во Амстердам во натпревар од петтото коло од Лигата на нации, но натпреварот го одбележа немил настан.

Имено, легендата на унгарскиот фудбал, Адам Салаи, член на стручниот штаб во унгарската репрезентација, колабираше, по што играта беше прекината, и требаше да се пружи помош.

Играчите на Унгарија направија „жив ѕид“ околу Салаи за камерите да не ја снимаат драмата, по што беше покриен со медицинско платно и на носилки пренесен во соблекувалната, а потоа и во болница.

„Состојбата на Адам Салаи е стабилна и тој е свесен. Тој е во болница во Амстердам на прегледи“, се вели во соопштението на федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Копиќ заврши во Полска: Единствената победа ја гледаше од трибините

Вјечиста Краков се раздели со Жељко Копиќ по петтиот пораз во низа. Хрватскиот тренер зами…