Дома Фудбал Репрезентации Против Фарски Острови ќе ни суди еден од најдобрите германски судии

Против Фарски Острови ќе ни суди еден од најдобрите германски судии

Maкедонија в недела од 15:00 часот на домашен терен ќе игра натпревар против Фарски Острови кој ќе биде последен за нас во групната фаза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Европската фудбалска федерација за овој натпревар за главен судија го одреди еден од најпознатите германски арбитри Даниел Шлагер.

Избраниците на Милевски со вчерашниот триумф веќе го обезбеди првото место, но победата е важна и в недела поради битката за мундијалски плеј-оф каде што се гледа ракингот и на селекциите од другите групи.

Сезонава Шлагер беше главен судија на четири натпревари во Бундеслигата, судеше и во европските натпреварувања, но интересно еш то ќе го има првиот ангажман во репрезентативниот фудбал.

Рафаел Фолтин и Свен Вашхитски ќе бидат негови помошници, а за четврти судија е назначаен Тимо Герах. За ВАР собата задоложени ќе бидат Даниел Зиберт и Рисем Хусеин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мбапе кажа дали ќе остане во Реал Мадрид по жестоките критики

Килијан Мбапе стави крај на шпекулациите околу својата иднина во Реал Мадрид, откако јасно…