Дома Останати Еве колку ќе заработат Тајсон и Џејк Пол од борбата оваа недела

Еве колку ќе заработат Тајсон и Џејк Пол од борбата оваа недела

Ни делат само три дена од враќањето на легендарниот боксер Мајк Тајсон во рингот и тоа во борба со Џејк Пол која ќе привлече огромно внимание.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двајцата ќе заработат огромни суми и според повеќе извори вкупниот хорнорар изнесува вртоглави 80 милиони долари.

На Тајсон му се гарантирани 20 милиони долари, додека на 31 година помладиот Пол 40 милиони.

Останатите 20 милиони може да бидат наменети за Мајк во случај на победа или да одат кај организаторите и другите актери на овој настан.

Самиот меч е доста контроверзен, особено поради возраста на боксерската легенда, но секако добро ќе наплатат. Борбата која ќе се одржи ноќта помеѓу петок и сабота ќе биде прва за Тајсон по цели две децении. Славниот боксер се пензионираше во 2005 година

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…