Во италијанското фудбалско првенство вчера се одигра дербито помеѓу Интер и Наполи кое на крајот заврши без победник 1:1.
По овој натпревар незадоволство од арбитражата изрази тренерот на Наполи, Антонио Конте.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот стратег смета дека не требало да биде досуден пеналот во 72. минута кој сепак Чалханолгу сепак не го претвори во гол.
„Навистина иритира кога ќе ви кажат дека ВАР не може да интервенира за непостоечки пенал. Ако има грешка, ВАР е тука да интервенира. Во прашање е очигледна грешка или пак очигледна е само кога им одговара на судиите во ВАР собата? Не сакам да ширам некакви мислења, но ваквите ситуации оставаат простор за теории на заговор“, изјави Конте.