Барселона од почетокот на сезоната игра во одлична форма и каталонскиот гигант е лидер на табелата, но клубот е во финансиски проблеми и прашање е како ќе изгледа во вториот дел од сезоната.
Шпанските медиуми пренесуваат дека постои шанса Дани Олмо да не настапува за Барселона по први јануари.
Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Во преговорите кои ги води со својот истакнат спонзор, Барселона очекува финаниски имплус низ претходно договорени бонуси. Сепак се е одложено за почетокот на следната година и 60-те милиони евра кој клубот ги очекува би можеле да доцнат.
Тоа е проблем не само за јануарскиот проблем туку и за регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната.
Двајцата како што пренесува каталонскиот „Спорт“ се регистрирани само до 31 декември и се убедени дека клубот ќе пронајде решение за проблемот.
Олмо во редовите на Барселона пристигна на почетокот на август во трансфер од редовите на Лајпциг и потпиша договор со каталонскиот клуб до лето 2030 година. Лајпциг за неговите услуги доби оштета од 55 милиони евра, а Олмо потпиша договор во кој има откупна клазула од 500 милиони евра.