Дома Топ вести Вечерва се доделува „Златната топка“, обложувалниците тврдат дека го знаат победникот

Вечерва се доделува „Златната топка“, обложувалниците тврдат дека го знаат победникот

Денеска, понеделник, 28 октомври, со почеток во 20:45 часот, во Париз ќе се одржи церемонијата на доделување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот – „Златната топка“ на магазинот „Франс Фудбал“.

Овој гала настан е специфичен по тоа што, за прв пат по 2003 година, ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо не беа меѓу номинираните финалисти во изборот за најдобар играч на планетата во претходната година.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Никој друг нема освоено повеќе од три, што ги имаат Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен, додека Франц Бекенбауер, Роналдо, Алфредо ди Стефано, Кевин Киген и Карл-Хајнц Румениге имаат повеќе од еден.

Кого ќе изберат избраните спортски новинари и уредници од Европа за најдобар од најдобрите во 2024 година?

Ако се суди според коефициентите кои ги решаваат водечките обложувалници, апсолутен фаворит е Винисиус Јуниор, додека Родри од Манчестер Сити е единствениот сериозен ривал на ѕвездата на Реал Мадрид.

Никој друг, барем ако ги прашате обложувалниците, нема реални шанси да го подигне трофејот „Златната топка“.

Минатата сезона Винисиус постигна 24 гола со 11 асистенции за избраниците на тренерот Карло Анчелоти, и голот во финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд во кое „Кралевите“ ја освоија 15-та титула европски шампионат.

Винисиус беше широко признат како најдобар играч во Лигата на шампионите минатата сезона со шест гола и пет асистенции. Ако на тоа се додаде и триумфот во Ла Лига, јасно е зошто 24-годишниот играч важи за апсолутен фаворит.

Родри, рака на срце, имаше можеби уште позначајни успеси, бидејќи на одбраната на титулата шампион на Англија додаде и триумфален поход за злато на ЕП во Германија, медал кој може да се освои еднаш во четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бум“ на Островот: Најави ли сопругата на Чави со оваа фотографија дека тој е новиот тренер на Јунајтед?! 📸

Денеска Ерик тен Хаг конечно беше сменет од функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед и сег…